Дали конечно фудбалерите на Борец ќе ги освојат првите бодови во Втората фудбалска лига? По минатонеделниот несреќен пораз во Скопје од екипата на Локомотива, шанса за освојување на првите бодови имаат денес, кога Во 12. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Каменица Саса се среќава со ФК Борец во Велес.
Екипата на Борец има посригнато само шест голови, со примени 40 погодоци во сопствената мрежа и има 0 освоени бодови, додека Каменица Саса се наоѓа во долниот дел од табелата, има девет освоени бодови и е на 13 место. Има две победи, три нерешени натпревари и два порази, со постигнати 10 голови и 17 примени.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот помеѓу Борец и Каменица Саса се игра денеска, со почеток од 13:00 часот.
Можеби ќе ве интересира: