Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, денес го објави списокот со повикани играчи за натпреварите со Фарски Острови на 7 октомври во Клаксвик и на 12 октомври против Ерменија во Ереван.
На списокот се најдоа дефанзивецот на Борец, 19-годишниот Георгие Јанкулов и крилниот напаѓач на Борец Лука Трајкоски, кој сезонава игра во одлична форма и е еден од најдобрите поединци на велешкиот прволигаш.
Содржината продолжува под рекламата
На списокот на Канатларовски се најдоа: Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимoв (Кадино);
Содржината продолжува под рекламата
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Александар Ѓурковски (Тиквеш 1930), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Ѓорѓе Јанкулов (Борец), Јован Манев (Брегалница);
Среден ред: Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дуго Поље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Методи Максимов (Работнички), Лука Трајковски (Борец);
Напад: Давид Тошевски (Горник, Полска) Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија).
Во првите две кола, избраниците на Канатларовски загубија од Франција и одиграа нерешено со Србија.
Можеби ќе ве интересира: