Мирсад Пецо, кандидат на Странка за демократска акција (СДА) за градоначалник на Травник кој во неделата наутро почина од коронавирус, победи на локалниte избори и освоил 8.220 гласа.
Неофицијално, голем број граѓани на Травник, кои не планирале да излезат на гласање, се упатиле на избирачките места да гласаат за покојниот, за инаeт на неговиот противкандидат.
Во Централната изборна комисија на БиХ не знаат како да се постават кон оваа ситуација. Членка на ЦИК рекле за федералните медиуми дека постои правна празнина во смисла на прецизно толкување во вакви ситуации, но и дека ЦИК ќе ги разгледа сите акти како би можеле да заземат конечен став.
Инаку босанските опозициски партии победија нанеделните локални избори во двата најголеми града и ги поразија долгогодишните владејачки националисти.
Во Сараево, Бошњачката партија за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ го призна поразот откако изгуби градоначалници во три од четири општини што ги добија кандидатите на коалицијата на умерени партии.
Мирсад Пецо вчера беше погребан во местото Голеш.
Moжеби ќе ве интересира: