Продолжува агонијата на фудбалскиот клуб Борец. Не помогна ниту тренерската смена, па и по 10 кола останува закован на дното на табелата без ниту еден освоен бод.
На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, и струшки Караорман го совлада Борец со резултат 0:2. Стрелци на головите беа Секуловски во 53 минута по одлично изведениот слободен удар и Лога во 78 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани се убедливо најнеефикасната екипа оваа сезона, постигнувајќи само четири погодоци. Шанса да ги освојат првите бодови ќе имаат во следното коло, кога гостуваат во Скопје кај екипата на Локомотива.
Можеби ќе ве интересира: