Кавадарчанец на возраст од 34 години е приведен во полиција и против него се очекува да биде поднесена кривична пријава за попречување и напад на униформирано лице.
Инцидентот се случил вчера околу 17 часот, кога полицајци вршеле служба на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци.
Во еден момент 34-годишниот Р.К. со неговото возило почнал да ги попречува полицајците во преземањето службени дејствија и физички нападнал еден од нив.
„На 21.06.2020 во 17.00 чaсот, додека полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вршеле служба на ул.„Тиквешко востание’ во Кавадарци, Р.К.(34) со неговото возило ги попречувал во преземањето на службените дејствија и физички нападнал еден од полициските службеници“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Р.К. е приведен во полициската станица и по документирање на случајот, против него ке биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани вести: