Сопруг на лекарка од Кавадарци е позитивен на текстот за коронавирус, откако се тестирал во приватна болница, и тестот потврдил дека тој има КОВИД-19, потврди за дневниот весник Слободен печат директорот на Центарот за јавно здравје Кавадарци, Ристе Јовановски.
Сега резултатите се испратени во Институтот за јавно здравје на верификација. Како што додава Јовановски, лекарката исто така синоќа во 12 часот на полноќ била тестирана за коронавирус и резултатите ќе бидат познати денеска.
Лекарката работела во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци.