Сообраќајната полиција им напиша казни на 10 возачи кои не им дале предност на минување на пешаците. СВР велес апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 78 возачи, од кои 10 на територија на СВР Велес“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Oд Министерството за внатрешни работи апелираат и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин за да не ја загрозуваат и својата и општата безбедност во сообраќајот и предупредуваат дека непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
Можеби ќе ве интересира: