Казнети се осум возачи на подрачјето на СВР Велес кои не ги пропуштиле пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи.
„На 11.04.2022 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Велес беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани 8 прекршоци (Велес 7 и Кавадарци 1)“, соопшти СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Можеби ќе ве интересира: