Сообраќајната полиција им напиша казни на пет возачи кои не им дале предност на минување на пешаците. СВР велес апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„На 13.04.2022 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани 5 прекршоци (Велес 4 и Кавадарци 1)“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Oд СВР Велес апелираат и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин за да не ја загрозуваат и својата и општата безбедност во сообраќајот и предупредуваат дека непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
Можеби ќе ве интересира: