Ќе бидат ли одложени повторно ратите за кредите?

EOUDIaTWoAAcsft
EOUDIaTWoAAcsft

Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните. Се прават анализи во кои се земаат предвид состојбите со коронавирусот и како таа економски ги погоди граѓаните, но и компаниите.

Zito akcija 640x289px

Конечната одлука се очекува да ја донесе Народната банка следната недела, откако деновиве ќе се консултираат и деловните банки. Мораториумот истекува на први октомври, што значи дека доколку не се продолжи оваа мерка, граѓаните кои ги одложија плаќањата на кредитите ќе почнат повторно да ги плаќаат. 

Agria

„Подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем“, е ставот на НБМ.

И од Банкарската асоцијација велат дека се подготвени да излезат во пресрет на граѓаните доколку е потребно иако засега нема одлука за ново пролонгирање.

„Членките на Македонска банкарска асоцијација ја разгледуваат потребата и можностa за понатамошна помош на населението и стопанството, но во овој момент се уште не е заземен конечен став. Македонската банкарска асоцијација е целосно посветена на изнаоѓање на решенија за надминување на проблемите предизвикани од оваа криза“.  

Нови економски мерки и продолжување на субвенциите за плати бараат игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови кои државата ги стави под клуч веќе шест месеци. Се бара и одложување на плаќање на сметките за комунални услуги, наемнини и даноци. 

„Сега банка кредит не ти дава. Ни велат, вие не работите шест месеци, кој ќе го плаќа кредитот. Кој ми гарантира дека вие утре ќе почнете со работа, што апсолутно се во право. Штетата е двојна. Да работевме, како што работат колегите од соседството, немаше да има ваква штета ни за нас, ни за државата. Живееме во нова нормалност, како што вели министерот за здравство, се може да функционира доколу се почитуваат мерките“, вели Трајко Николовски од ССК.

Очекуваат новата влада да им излезе во пресрет на барањата или итно да донесе протоколи за работа. Во спротивно најавуваат протести. Станува збор за над 1000 субјекти кои организираат настани како свадби, родендени, крштевки, игротеки и ноќни клубови.

Извор: 24.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: