
Комисијата за заразени болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се анализира моменталната состојба во Македонија и ќе се одлучува дали се можни нови поригорозни рестрикции.
Здравствените власти веруваат дека мерките кои се на сила, воведени пред извесно време ќе почнат да даваат резултати. Очекуваат задолжителното носење маски на отворено, забраната за групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден, како и работењето на кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти само до 21 часот да дадат резултати во однос на намалувањето на трансмисијата на вирусот.
Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок, повторно ќе ја анализира епидемиолошката слика и евентуално ќе одлучува дали во Македонија се потребни построги рестриктивни мерки. Министерот за здравство Венко Филипче, во четвртокот изјави дека е потребно време барем од две недели, за да се видат извесни резултати од актуелните мерки. Тој сепак не ја исклучува можноста и за построги рестриктивни мерки.
„Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викедот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд“, рече министерот Филипче.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.
Бројката на активни случаи со Ковид-19 во моментов во Велес изнесува 777 случаи.
Можеби ќе ве интересира:
