Ќе направи ли ВМРО ДПМНЕ мнозинство во велешкиот Совет? Левица најави прес конференција пред утрешната седница

Тројцата членови на Советот на Општина Велес од Левица за утре во 12:30 минути најавија прес конференција, на која, половина час пред почетокот на седницата, ќе објават како ќе делуваат во Советот. Советниците на Левица се клучен фактор за то.а кој ќе го има мнозинството, откако ВМРО ДПМНЕ освои 11, а СДСМ 8 мандати во Советот, кој брои 23 советници.

Zito akcija 640x289px

Сепак, ако се суди според денешното гласање на конститутивната седница, кога советниците на СДСМ побараа да се стави точна на дневен ред, на која ќе се избира претседател на Советот, а освен нив, предлогот го поддржа само советникот на ДУИ, се чини дека ВМРО ДПМНЕ е поблиску до создавање мнозинство во општинскиот Совет.

– Содржината продолжува под рекламата –

Agria

Сепак, тројцата советници на Левица денеска, за порталот tirekovmirece.com, не споменаа коалицирање, туку поддршка на секој позитивен проект од било која партија.

– Содржината продолжува под рекламата –

„Нашата позиција е поддршка за секој позитивен проект за Општина Велес. Нема да ја кочиме работата на Советот, нема да бидеме заложници четири години, да не тапка во место или оди наназад. Секој позитивен предлог од било која партија, ние ќе го поддржиме“- рече во изјава за tirekovmirece.com Димитар Абрашев од Левица.

Советниците за утре во 13 часот ја закажаа втората седница, на која, во дневниот ред се очекува да се најде и точката за избор на претседател на Советот на Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: