Ќе се замрзнат цените на домашните производи за школскиот прибор, министерот подготвен да спроведе „пазарна инспекција“

post-covid uciliste

Ќе има замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, но не наведувајќи детали.

Zito akcija 640x289px

За сите прехранбени производи и производи од домашно, земјоделско производство.

Agria

За профитната маржа во однос на училишниот прибор Дурмиши вели дека Пазарниот инспекторат ќе излезе на терен и доколку има злоупотреби ќе се преземат неопходните мерки за оние продавници кои нема да ја почитуваат одлуката.

„Доколку наидеме на злоупотреби и наидеме на компании кои не ја почитуваат одлуката на Владата која беше предлог на Министерството за економија и труд. Ќе барам повеќе да излегуваат на терен, доколку има потреба и јас ќе излезам заедно со мојот тим и ќе бараме да се почитува оваа мерка“, вели Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Министерот Дурмиши ова го изјави по промоцијата на Програмата за поддршка на локалниот туризам за работниците со ниски примања.

Денеска започна доделувањето на купони за годишен одмор за оние со нето плата до 50.000 денари. Со ова 1.777 лица ќе добијат ваучери за одмор во вредност од 18.000 денари.

Интересот за оваа мерка беше многу голем и кај гастрономите и кај апликантите, имајќи предвид дека со оваа активност од Министерството за економија и труд се помага гастрономските објекти надвор од туристичката сезона да можат да остварат дополнителни приходи, додека на работниците со низок приход им овозможува да ги користат гастрономските услуги во нашите туристички центри.

Инаку, овие купони ќе може да се користат од 15 септември до 1 декември во секој сместувачки капацитет регистриран во Министерството за економија и труд, додека списокот со хотели и добитници на ваучерите може да се најде на веб-страницата на Министерството.

Можеби ќе ве интересира: