По една неделна пауза, футсал возбудувањата повторно се враќаат. Екипата на Кеги Моби гостува во Скопје, каде во салата во Чаир ќе ги одмери силите со домаќинот Јувентус Серава.
Екипата од скопски Чаир е на делба на осмото место со екипата на Кеги Моби со само еден освоен бод, и ова ќе биде дуел за избегнување на дното на табелата.
Натпреварот ќе се одигра вечерва во спортската сала во Чаир со почеток од 21 часот.