Футсал екипата на Кеги Моби го освои првиот бод во сезоната. На домашен терен во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, вчера тие ремизираа со екипата на КМФ Клими од Кавадарци со резултат 4:4.
Содржината продолжува под рекламата
Првиот дел им припадна на гостите откако со головите на Виктор Аризанов и Петар Левков имаа водство од 2:1. За домашниот состав стрелаше Виктор Стојковски.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел гостите имаа предност од 4:1, но со фуриозна игра на домашниот состав, со вториот гол на Стојковски, автоголот на Спасовски и Божинов дојдоа до израмнување од 4:4.
По две одиграни кола, Кеги Моби се наоѓа на осмата позиција со еден освоен бод. Во наредното коло велешани гостуваат кај актуелниот шампион и освојувач на Купот, екипата на Форца 2015.
Можеби ќе ве интересира: