Екипата на КМФ Осогово од Крива Паланка беше преголем залак за велешкиот футсал клуб Кеги Моби. На стартот од сезоната на гостувањето, велешани загубија со високи 7:1.
Содржината продолжува под рекламата
Високиот резултат сепак не ја одразува сликата на теренот. Велешани беа рамноправен противник во текот на целиот натпревар, а ако беа поумешни во нападот, резултатот ќе имаше друга насока. Во финишот од натпреварот, домашниот состав ја искористи подзаспаноста на одбрана на Кеги Моби и сите шанси ги претвори го погодок.
Содржината продолжува под рекламата
Во следното коло Кеги Моби ќе биде домаќин на екипата на КМФ Клими од Кавадарци, која во првото коло ремизираше со екипата на КМФ Бутел.
Можеби ќе ве интересира: