Кина вакцинира десетици илјади свои граѓани со експериментална вакцина против новиот коронавирус и го привлече вниманието на меѓународната заедница и покрај загриженоста за безбедноста на вакцината, кои не ги поминаа вообичаените фази на тестирање.
Официјален Пекинг не објави податоци за примената на вакцината на целните групи во земјата, како што се медицинскиот персонал, транспортните работници и работниците кои работат на пазарите на храна.
Кинеската фармацевстка групација „Синофарм“, која развива две вакцини и „Синовак“ потврдија дека досега се вакцинирани најмалку десетици илјади луѓе. Синофарм соопшти дека доставила стотици илјади дози бидејќи една од нивните вакцини вклучува две или три дози за некое лице да се смета за вакцинирано.
„Досега, од вакцинираните, никој не се разболе. Ниту забележавме несакани ефекти“, соопштија од Синофарм, додавајќи дека барем една од вакцините ќе биде целосно подготвена за јавна употреба до ноември.
Можеби ќе ве интересира: