Уште еден поранешен ракометар на Борец се врати во клубот. Голманската позиција ќе биде посилна откако Кире Димовски стана шесто засилување во овој трансфер период.
Велешани ангажираа искусен голман, кој треба да донесе поголема стабилност на одбраната и сигурно ќе биде од големо значење неговото искуство.
Содржината продолжува под рекламата
Претходно искусниот Димовски покрај настапите за Борец, ги бранеше боите и на Младост од Богданци, Астарион од Струмица, а во минатата сезона беше на голот на Вардар од Неготино.
Можеби ќе ве интересира: