КМФ Кеги Моби утре ќе го започне натпреварувањето во Првата Футсал Лига. По само една година дена се враќаат прволигашките футсал возбудувања во Велес.
Велешани покрај тоа што ќе можат да ги гледаат натпреварите на Кеги Моби во спортската сала „Гемиџии“, ќе можат да ги следат и на фејсбук профилот на нашиот сајт batali.net. Првиот натпревар е закажан за утре а противник на велешани ќе биде екипата на Железарец. Натпреварот започнува во 19 часот.
Содржината продолжува под рекламата
КМФ Кеги Моби во новата сезона го задржа дел од костурот на ланскиот тим кој беше најзаслужен за влез во Прва лига а е засилен и со играчи од КМФ Астибо од Штип, клуб со кој се фузираа и годинава.
Можеби ќе ве интересира: