КМФ Кеги Моби со пораз ги завршија настапите на Футсал Купот на Македонија, откако вчера беа поразени од КМФ Проект со 3:6, дуел кој понуди многу убавина, пресврти и доста погодоци.
Содржината продолжува под рекламата
Прв во водство дојде тимот на КМФ Кеги Моби кој преку Стојчев и новото засилување Божинов во 18 минута имаа предност од 2:0 на полувреме. Во второто полувреме друга слика на теренот. Гостите со головите на Јанев во 24 минута, автоголот на Божинов, Михајлов во 28, Благоевски во 31 и Стојановски во 36 минута дојдо до 2:5. До крајот на натпреварот стрелаа уште Адиловиќ за Кеги Моби и Стојановски за Проект.
Содржината продолжува под рекламата
„1/8 финалето од Купот за КМФ Кеги Моби помина тотално несреќно, при водство од 2:0 во првиот дел и многу бројните шанси нереализирани за поголемо водство резултираа со пад во играта и пресврт во корист на гостите. Предобар натпревар на ниво на прволигашко дерби без разлика што гостите КМФ Проект оваа година се во Втората Македонска Лига, водат на табелата и наредна година ќе се вратат во елитниот ранг“, изјави по натпреварот Кирил Ивановски од Кеги Моби.
Пролетниот дел од Првта македонска футсал лига започнува веќе следниот викенд, а Кеги Моби на домашен терен ќе го пречека составот на Железарец.
Можеби ќе ве интересира: