КМФ Кеги Моби со супер засилување пред дербито со Шкупи

Mal Fudbal Kegi Mobi

Футсал играчите на велешки Кеги Моби викендов одмораат. Причина за тоа е настапот во Лигата на шампионите на нивниот следен противник, екипата на Шкупи. Паузата е добредојдена за велешани, бидејќи тимот на скопјани е еден од фаворитите за титулата во Првата футсал лига, па дуелот со нив ќе биде вистинско дерби.

Zito akcija 640x289px

Наместо викендов, Кеги Меби ќе го игра натпреварот со Шкупи во среда, во салата „Гемиџии“ со почеток од 19 часот. Иако се игра без публика, навивачите на Кеги Моби, но и сите љубители на футсалот, средбата ќе можат да ја следат низ директниот пренос на фејсбук фан страница на Кеги Моби.

Agria

Во меѓувреме, велешкиот тим се засили со младиот и надежен играч Султанов, кој од редовите на Овче Поле, премина во Кеги Моби. Се работи за перспективен играч, кој веќе е репрезентативец на Македонија.

Два дена по средбата со Шкупи, во петок во салата „Гемиџии“ се игра и локалното дерби меѓу Кеги Моби и КМФ Велес.

Изминатиот викенд, во рамките на четвртото коло од Првата футсал лига Кеги Моби одигра нерешено 8:8 во Кратово, против истоимената екипа. По четири одиграни натпревари Кеги Моби има една победа, две ремија и еден пораз.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: