Интензивно легитимирање и контрола при влезот во Кочани од страна на сообраќајната полиција, затворање на градскиот пазар во четврток и сет мерки за хигиена на овој простор, тоа се дел од мерките што денеска ги донесе општинскиот Кризен штаб на Кочани, како заштита од корона вирусот.
Од таму ги повикаа граѓаните да го пријавуваат секое неодговорно однесување и кршење на препораките од Министерството за здравство, бидејќи има сознанија дека дел од угостителските објекти не ги почитуваат препораките за работа. Од кризниот штаб препорачаа дезинфекција на такси возилата и автобусите.