Колев: За 100 дена суштински променивме многу нешта

Покажавме дека за само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно. Она што многу пати досега го нагласив е дека транспарентноста и отчетноста кон граѓаните ќе бидат она по кое што ќе биде препознатлива мојата работа бидејќи само така може да постигнеме големи резултати и да го направиме Велес поубаво место за живеење, изјави градоначалникот на општина Велес, Марко Колев на денешниот настан „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Zito akcija 640x289px

Колев истакна дека се реализираат веќе започнати проекти, но се работи на нови конструктивни решенија со кои општината ќе стане уште поубаво место за живеење.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Колев потенцираше дека еден од главните приоритети е и хигиената во Велес и токму затоа исчистени се голем број на диви депонии на повеќе локации во градот, приградските населби и селата, исчистени се атмосферски канали од наноси од земја и смет на повеќе локации во градот, кои со години не биле исчистени, како и хортикултурно уредени и организирани се зелените површини на повеќе локации.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27923/video-akcziska-kontrola-na-ugostitelski-objekti-vo-veles/