Колку струја можеше да се купи со плата од пред 10 години?

Smetka za struja

Расте цената на струјата, но растат и платите. Анализа што ја направи порталот pari.com.mk врз основа на официјални податоци покажува дека сега со една просечна-нето плата во државата може да се купи повеќе струја од пред една деценија, но помалку од лани. Така, сега може да се купат 4.829 киловат-часа електрична енергија, на крајот од минатата година 5.176 киловати, а пред 10 години можеле да се купат 4.371 киловат-часова.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Од 1 јануари се зголеми цената на електричната енергија за 9,48 проценти, а тоа значи дека секој коловат-час електрична енергија потрошен во високата тарифа, која сега е цел ден од 7 часот наутро до 22 часот, чини 7,32 денари, додека ниската, ноќна тарифа, е 3,67 денари. Граѓаните кои немаат двотарифни броила плаќаат струја по цена од 5,87  денари за еден киловат-час.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според податоците за цената на струјата, сегашните цени се за околу 44 проценти повисоки од оние пред 10 години. Притоа, во анализата на цените ги земавме во предвид реалните цени, со вкалулирани 33,33 проценти за активна моќност која во 2012 година се пресметуваше издвоено и официјално не влегуваше во објавената цена за еден киловат- час електрина енергија, за разлика од сега.

Содржината продолжува под рекламата

Целосниот текст може да го прочитате на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26682/vremenska-prognoza-100/