Комисијата за стручен надзор констатираше дека по влошување на состојбата на малата Јана дека се преземени потребните чекори

bolnica Bitola

Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на петгодишната Јана во Клиничка болница во Битола констатира дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза преземени се соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, пренесува Макфакс.

Zito akcija 640x289px

„Од анамнезата има податок за прележан Ковид-19 пред шест месеци. По направените лабораториски анализи, наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB во рамките на вирусен инфект, кој го зафатил и срцевиот мускул, со покачена вредност на срцевиот ензим тропонин“, се вели во извештајот.

Agria

По влошување на состојбата, заклучок на комисијата е дека се преземени потребните чекори во согласност со медицината базирана на докази и клиничката слика на пациентката. Комплетниот извештај од комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.

Петгодишното девојче почина на 22 март по примена инфузија во болницата во Битола. Девојчето било донесено со температура и дехидрирано поради повраќање, па докторите му дале инфузија на детето по што му се влошила состојбата. Родителите ги обвинуваат лекарите за грешка при лекувањето.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37538/donesena-odluka-za-novi-czeni-na-zelenchukot-i-ovoshjeto/