Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на состанокот на Комисијата за заразни болести не е заземен став да се препорачаат нови рестриктивни мерки поради состојбите со ковид-19, но рече дека од Комисијата апелираат граѓаните да се вакцинираат и да нема собирања на семејни прослави и разни други групирања бидејќи вирусот така најлесно се шири.
„Засега нема да има препорака за некои нови рестриктивни мерки, апсолутно сметаме дека овие се сосема доволни со тоа што треба да се почитуваат“, рече Филипче и повтори дека носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата.
Содржината продолжува под рекламата
Според него, ниедна земја не може во целост да ја контролира епидемијата, но дека со почитување на мерките и протоколите, базирани и на совеста на секој поединец, можно е да се воспостави контрола на ширењето на вирусот.
Можеби ќе ве интересира: