Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени предложи Комисијата за заразни болести.
Според одлуката на Владата, од 1 септември лани и домашните и странските државјани за излез и влез во земјава на граничниот премин требаше да приложат потврда за примени две дози од вакцина против ковид-19 или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест, направен најмногу 72 часа претходно, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.
Содржината продолжува под рекламата
За бремените жени рече дека се предлага да се укине ослободувањето од работа согласно препораките од релевантни институции и од примерите во светот каде силно се препорачува бремените жени кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат свеоето здравје. Овие предлози треба да се разгледаат на Главниот кризен штаб, а да ги одобри Владата.
Можеби ќе ве интересира: