Коњаницата на Илинденскиот марш помина низ Велес

Попладнево низ Велес минаа учесниците на 46 Илинденска коњаница. На својот пат за легендарното Крушево коњаниците се поклонија пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на градот и заедно со делегација од Општина Велес положија цвеќе.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Велешани горди на своето минато им посакаа добредојде со оро, песна и во духот на традицијата со леб и сол.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Илинденскиот марш, кој започна од Скопје, ќе заврши на 2 Август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник –  Илинден. Маршот е во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година“.

Можеби ќе ве интересира: