Концерт на Вероника Караколева и Дилек Реџеп „Звукот на ехото”

Во салата „Бели Мугри” во Велес во сабота со почеток во 19:00 часот ќе е одржи концерт наречен „Звукот на ехото”. Ќе настапат Вероника Караколева – сопран, во класата на Проф. д-р Мариа Белчева и пијанист – Проф. м-р Дилек Реџеп.  Во реперторот ќе им дела од В. А. Моцарт, П. Маскањи, Ф. Шуберт, Г. Ф. Хендл, Џ. Верди, Ф. Шопен и Џ. Гершвин. 

Zito akcija 640x289px

Вероника Караколева е родена 2000 година во Велес. Уште од мали нозе кај нејзе се појавува огромна љубов кон музиката, така што на 6- годишна возраст , станува ученичка во Музичкото училиште “Киро Димов”, денешно ООМУ “Стефан Гајдов”. Тука започнува да го изучува инструментот виолина. После завршувањето на основното училиште, во 2015 година , го продолжува музичкото образование во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” – Скопје, во одсек- музичар теоретичар , со изборен предмет- соло пеење, во класата на Проф. Светлана Донковска.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со изучувањето на музиката , кај нејзе се раѓа љубовта кон класичното пеење, па така почнува да ги развива своите пеачки способности, а подоцна во 2015 година на “Државниот Натпревар на млади музичари за средно музичко образование” добива две први и една втора награда. Во 2016 година повторно на Државниот Натпревар добива три први награди во одсекот – соло пеење на ниво на цела Македонија. Истата година, на натпреварот “Deveti Međunarodni Muzićki festival” во Аранѓеловац- Србија, доделена е диплома, за освоена трета награда во категоријата соло пеење.

Содржината продолжува под рекламата

Понатаму следува нејзиниот голем и смел чекор, со само 16 години да го одржи својот прв солистички концерт на 16.12.2016год. во салата “Бели Мугри” во родниот град- Велес, со едночасовен програм. Во 2017 година на “Фестивал словенске музике” ја претставува Македонија во Белград-Србија и доделена и е диплома пофалница за соло пеење. Истата година се случува едно од нејзините најважни и најзначајни животни искуства и постигнувања- доделена и е диплома за специјална награда со освоени 100 поени во категоријата соло пеење на International Competition of classical music “Art in – Veles” – Macedonia.
Подоцна, кога заврши со средното образование, продолжи и понатаму да се надоградува, во Академијата “Проф. Панчо Владигеров” – Софија, Бугарија во класата на Проф. д-р Мариа Белчева. Која што многу пати била повикувана како гостин во Македонска Опера и Балет во Скопје. Сега e четврта година во Академијата и продолжува да се усовршува на полето на класичната музика и тоа со голем број концерти во и надвор од Македонија. 2020година стана солист на Градскиот камерен оркестар и солисти од Велес. Во 2020год. настапува во рамките на Велешкото културно лето под диригентска палка на маесто Илија Настовски, исто така се појавува и во 2021год за време на Велешко културно лето. Концертот за време на 57-мите по ред Рационови средби 2020год. Во 2021год настапува како солист заедно со симфониски оркестар на Враца под диригентската палка на маестро Никола Петров во Враца, Бугарија. Редовно настапува на концерти во Софија од класата на Проф. Мариа Белчева. Потоа во истата година одржува два полурецитали заедно со пианистката Ивона Базгалоска, во рамките на “Музичка младина на Македонија” и “Есенски Музички Свечености” во Скопје.

Дилек Реџеп е родена во Скопје во музичко семејство со Турско –Монголско потекло во С.Македонија. Започнува со пианото од мала возраст, од 7 години и го покажува музичкиот талент заедно со талентот за останатите природни науки и математика. Музичкото образование го стекнува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј кај професорката Нина Среброва основно и средно, а на студии започнува кај Проф. Јасминка Чакар и дипломира кај Проф. М-р Евушка Трпкова Елезович на Факултетот за музичка уметност. Посдипломски студии за пијанист завршува кај Проф. М-р Зоран Пехчевски исто така на ФМУ во Скопје. Има учество на многу семинари и концерти низ школувањето на еминентни пијанисти меѓу кои на Икук Ендо од Токио Јапонија, ВладимирТимакин Русуја , Никита Магалоф Русија , Данг Таи Шон од Виетнам и други.

Има настапувано на многу концерти во Белград, Тирана , Софија , Сараево и на многу фестивали во Македонија Денови на франкофонија со француска музика, Скопско Лето и други. Својот пијано израз таа го имплементира и во изведбата на камерна музика, без разлика дали тоа е свирење дела за клавир со четири раце, свирење со соло пејач или со други камерни свирачи. Во последните десет години, користејќи го Интернетот како модерен начин на комуникација, таа ја сподели својата музика, концерти и снимки (објавени и необјавени) со публиката ширум светот, што придонесе за голема афирмација на нејзиниот пијанистички израз. Во последно време нејзиниот репертоар ја сочинуваат кинеската класична музика, која е од модерен карактер, звучна и привлечна за публиката, како и композиции на современи автори на филмска музика. Има издадено ЦД со класична кинеска пиано музика и Шопен во кој ја претставува нивната музика и соработува со нивни композитори и изведувачи за проучување на азијатската школа за пиано и соработува со Јулиард Школата во ГуангЖу во Кина.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28777/ukinuvane-na-maskite-za-srednoshkolczite-i-povtorno-voveduvane-na-ekskurzii-predlaga-komisijata-za-zarazni-bolesti/