Велешанка на 64-годишна возраст почина на инфективното одделение во велешката болница, како последица од ковид-19. Таа била позитивена на тестот за коронавирус, а на одделението се лекувала три дена. Таа е осмата жртва на коронавирусот во четвртиот бран.
Во велешката болница денеска од ковид-19 се лекуваат 60 пациенти, од кои 47 се потврдени позитивни на ПЦР тестот, шестмина се сомнителни, а седум пациенти имаат негативен тест, но се задржани на болничко лекување.
Содржината продолжува под рекламата
На кислородна поддршка се 36 пациенти. На инфективното одделение се сместени 44 пациенти, на интерното има седум, а во модуларната ковид болница, која беше отворена пред два дена, се хоспитализирани девет пациенти.
Можеби ќе ве интересира: