Коронавирусот зема уште две жртви. Починатa е жена на 76 годишна возраст од Велес, лекувана шест дена на инфективното одделение, и маж на 68 годишна возраст од Св.Николе позитивен лекуван во Модуларната болница пет дена.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 102. Од нив, 86 имаат потврдени позитивни тестови, осум пациенти се сомнителни на вирусот, и осум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 45 пациент. На инфективното оддееление има 53 пациенти, на интерното одделени седум, на физикалнато одделение 10, во Модуларната болница се лекуваат 32 пациенти.
Можеби ќе ве интересира: