Кошта: Треба да се испорача договореното и нема простор да се бара нешто повеќе

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта уште една повтори дека иднината на Македонија е во ЕУ. Тој на прес-конференцијата со премиерот Христијан Мицкоски наведе дека земјава постигнала многу, но дека се потребни преостанатите чекори кои треба да се преземат за да се заврши процесот. Го охрабри претседателот на македонската Влада да ги вложи своите напори за да го овозможи напредокот.

„Можете да сметате на нас затоа што ние ви стоиме на располагање и подготвени да ви помогнеме да ја искористите динамиката. Клучно е да се продолжи со реформите и да се инвестира во владеењето на правото и борбата против корупцијата. С. Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец. Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка. Тој е напорен и може некогаш да фрустрира, како што се случило и со сите претходни кандидати. Сите тие ја постигнаа целта, а секако и вие ќе ја постигнете целта“, рече Кошта во својата изјава од прес-центарот на Владата.

Agria

Запрашан за гаранции и механизми дека прашањата кои што се однесуваат на историјата и идентитетот нема да го одредуваат пристапниот пат на Македонија во ЕУ, шефот на ЕС информира процесот трае предолго време и сега е време за резултати.

„За да се испорачаат, треба да чекориме во две паралелни димензии. Реформската агенда е многу важна и Планот за раст е мошне важен. Треба да ги конкретизираме инвестициите како Коридор 8 и модернизирањето на Коридорот 10. Тие ќе дадат конкретни резултати за вашата земја и граѓани. Истовремено треба да се надмине процесот на пристапување, а за тоа неопходни се одредени реформи и да се испорача она што беше договорено во 2022 година. Знам колку е тоа тешко. Ѝ честитам на С. Македонија за огромните напори што ги има преземено во минатото за да се придвижи напред во пристапувањето. Премиерот Мицкоски знае дека може да смета на мене и ЕУ за да го олесниме сето ова и конечно да се придвижиме напред. Кога прашувате какви гаранции имаме, јасно е дека она што е договорено е договорено и немаме веќе за што друго да се договараме. Сега треба да го испорачаме договореното и нема простор да се бара нешто повеќе“, кажа Кошта на новинарско прашање.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: