Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Косовец е во бегство откако во Росоман се обидел да силува малолетник

policija

Основното јавно обвинителство Кавадарци нареди истрага против косовски државјанин, со престојувалиште во Росоман, поради сомнение дека во текот на неговиот престој тој силувал малолетник.

Zito akcija 640x289px

На 2-ри мај  во 14,30 ч. било пријавено дека истиот ден околу 9 часот во нива во село Чичево- на место викано “Подколец“ М.В.(47) од Косово, кој работел како најмен овчар се обидел да изврши обљуба врз 16 годишен малолетник. Момчето за да се одбрани во еден момент го удрило осомничениот со тупаница, по што тој се тргнал и го напуштил местото.

Осомничениот во моментов не е достапен на органите на прогонот, а по предлог на надлежниот јавен обвинител, Судот во отсуство му определил притвор во траење од 30 дена.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: