Серија откажувања во косовскиот национален тим. После Рашица кој не ни беше повикан, откажа и Ведат Муричи, а сега поради позитивен тест на коронавирус, ќе го нема и Амир Рахмани.
Рахмани беше во изолација во Наполи, откако прво Пјотр Зиелински, а потоа и Елмас закачија коронавирус, па сега и косовскиот дефанзивец го има новиот вирус и ќе мора да си седи во изолација, што значи дека е петти фудбалер што нема да игра во Скопје.
Рахмани е столбот на одбраната на Косово, и сигурно ќе биде олеснителна околност за избраниците на Ангеловски. Но, и покрај тоа, мора да бидат внимателни во историската пресметка која може да не однесе на ЕП.
Moжеби ќе ве интересира: