Велешкиот ракометар и македонски репрезентативец, Костадин Петров е успешно опериран. Тој го повреди коленото на последниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф против Охрид и на прв поглед изгледаше сериозно.
Содржината продолжува под рекламата
Страдаше пателарниот лигамент на коленото. Операцијата е успешна и сега следува периодот на рехабилитација.
Содржината продолжува под рекламата
Паузата ќе биде неколку месеци, па Петров би требало да биде на терен за стартот на следната сезона.
Можеби ќе ве интересира: