Фудбалерите на Борец со победа од 3:1, полувреме 3:0 на гостувањето во Прилеп кај екипата на Ултрас го потврдија првото место и обезбедениот пласман во баражот за Втората фудбалска лига.
Текстот продолжува под рекламата
Костадиновски го отвори резултатот уште во првата минута. Стојанов зголеми на 2:0 во 15 минута, а со вториот погодок на Костадиновски во 42 минута се замина на одмор. Во вториот домашниот состав само го намали поразот со голот на Бобан Тошевски на три минути пред крајот од натпреварот.
Текстот продолжува под рекламата
На едно коло пред крајот на Третата фудбалска лига – Југ, Борец е на врвот на табелата со освоени 48 бода. Останува да се доигра уште натпреварот со Локомотива Градско пред баражот за Втората фудбалска лига на Македонија.
Можеби ќе ве интересира: