Kовачевски на увид на санација на системот за наводнување „Макарија“ во Росоман

cevkovod makarija

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов беше на увид на санација на системот за наводнување „Макарија“ во Росоман.

Zito akcija 640x289px

Владата на една од последните седници го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави предлог измена на Програмата за водостопанство, со што се обезбедуваат потребните над 1,3 милиони евра за санација на проблемот.

Agria

„Во моментов, фирмата изведувач интензивно работи на санирање на дефектот и очекувам тоа брзо да се заврши, со што повторно ќе може да се обезбеди ефикасно наводнување на земјоделските површини, да се запази сезоната за наводнување и очекуваниот принос од околу 30 илјади тони на земјоделски култури. Се работи за непристапен терен, за систем за наводнување кој е оставен на забот на времето 50 години и за среќа во државата имаме и изведувачи и професори од Градежниот факултет, кои во најкраток период успеаја да најдат решение, кое веднаш тука ќе биде направено“, рече премиерот Ковачевски, при денешниот увид во Росоман.

Премиерот се заблагодари на брзата реакција на ресорното министерство и ги увери жителите од овој крај дека ќе се реши проблемот.

„Знаеме колку е важно за една квалитетна реколта да се има навремено наводнување на површините и на земјоделците им порачувам, да не се грижат, системот набрзо ќе се стави во функција и вода за наводнување ќе има. Затоа ставаме силен фокус на капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, односно на реконструкција и изградба на модерни системи и брани за наводнување. Овие инвестиции значат намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна, ќе влијаат на зголемување на производството на храна и создавање на модерно и европско земјоделство“, истакна премиерот Ковачевски.

Ковачевски издвои неколку клучни капитални инвестиции, при тоа спомнувајќи ги браната „Конско“ во вредност од 40 милиони евра, како најголемиот капитален проект за водоснабдување во последните 50 години. Тој, исто така, ги потенцираше изградбата на хидросистемот „Равен-Речица“, како и изградбата на браната на Оризарска река во Кочани и планираните четири системи за наводнување во државава.

„Со овие инвестиции решаваме децениски проблеми на земјоделците, обезбедуваме навремено и квалитетно наводнување на посевите. Нашата цел е да имаме повеќе домашна храна, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство, со мотивирани и задоволни земјоделци“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот потенцира дека со правилни политики Владата успеала да ја отвори земјата кон повеќе ЕУ фондови и дека денес Северна Македонија е лидер по искористеност на средства од ИПАРД програмата со високи 97% искористеност. Со новата ИПАРД 3 програма, како што истакна премиерот, Европската Комисија ги зголеми средствата за 62%, со која на располагање земјата има неповратни 97 милиони евра од ЕУ. Тој ги охрабри земјоделците да ги користат овие програми.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39125/dvajcza-policzajczi-od-veles-primile-potkup-od-50-evra-mvr-gi-suspendira/