Ковачевски: Скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби

dimitar kovacevski

За голем дел од овие лажни дојави, се работи за дојави кои што се работат преку WPN врски хостирани во странство, при што не може да се детектира од каде доаѓа дојавата. WPN се виртуелни приватни мрежи хостирани во странски земји и затоа се работи со партнерските служби. Ова е резултат на хибридна војна, појасни денеска премиерот Димитар Ковачевски околу заканите за експлозивни направи во земјава.

Zito akcija 640x289px

„ВПН се виртуелни приватни мрежи хостирани во странски држави. Затоа се работи со партнерски служби. Ова е хибридна војна. МВР работи интензивно со партнерските служби. Да, секојдневно комуницираат. Со НАТО и другите земји со кои имаме соработка. Се прават анализи со службите за безбедност. Што се однесува за мерките по секоја дојава – тие мора да бидат спроведени по протокол, без импровизација. Одделот за антитероризам ги проверува сите училишта за да може да во најкус рок да се утврди дека се лажни дојавите“, кажа Ковачевски.

Agria

Ковачевски вели дека свесно се таргетираат голем број на жители, со цел да се креира несакана ситуација.

Упати порака до граѓаните да не учествуваат во овие активности.

„Безбедноста состојба во државата е стабилна. МВР успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин во нашата држава. Што се однесува на монструозниот чин на дојава на бомби, која прво започна во автобусите во ЈСП, па училиштата во Скопје и други градови, а пријавите се проширија и на трговски центар и станбени работи – тие се поврзани со јавноста која е впрочем еден од клучните работи во делот на тероризмот“, додаде тој.

Македонија не е единствена со ваков проблем, додаде тој.

„На ваков тип напади масовно се изложени и соседните земји. На пример, вакви последни дојави има во Црна Гора, Србија, како и подалечни земји – Нов Зеланд, Канада, САД, Германија итн. Според експертите од оваа проблематика особено се зголемени по војата во Украина, која е најпогодена од ваквите напади“, додаде премиерот.

Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата истакна и дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и дека Министерството за внатрешни работи (МВР) работи со полн капацитет.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34769/i-deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-kavdarczi-i-skopje-se-lazhni/