Кристијан Лазаров го освои 15 место во финалето на Европското јуниорско првенство во Кајак спуст, во дисциплината К1 мажи, кое се одржува во Даленвил, Швајцарија.
Содржината продолжува под рекламата
Финалната трка ја извози за 55.978 што беше 3.3 секунди заостанување зад лидерот Мика Хајнек од Чешка, односно 2.7 секунди за освојување место на подиумот.
Содржината продолжува под рекламата
На ова Европско јуниорско првенство во Кајак спуст кое се одржува во Швајцарија покрај Лазаров учествуваше и Благој Гугинов кој го освои 30 место, во конкуренција од 53 натпреварувачи од 20 држави.
Македонската репрезентација беше предводена од Љубомир Спасиќ под чие водство Македонија во една година има две финалиња на Европските првенства за сениори и јуниори како и едно финале на светскиот куп оваа година.
Можеби ќе ве интересира: