Кристијан Лазаров на врвот на табелата по две кола на Европскиот куп во кајак спуст

Kristijan Lazarov Arka Veles
Kristijan Lazarov Arka Veles

Кристијан Лазаров и Благој Гугинов се на врвот на табелата во јуниорска конкуренција по две кола од Европскиот куп во кајак спуст. Лазаров е на врвот со освоени 174 бод, зад него следува Гугинов со 150 бода.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

По две кола од  Европскиот куп во кајак спуст нашите репрезентативци во сениорска конкуренција, Александар Златаров и Љубомир Спасиќ се наоѓаат на втората и трета позиција во вкупниот пласман, со заостанување зад водечкиот Иво Ламерс од Холандија со 12 бода.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

52-то издание на трката Фулда беше на програмата овој викенд, а саботната спринт трка се броеше како втора трка во Кану кајакарство во диви води на ЕЦА, каде спортистите од седум земји беа на стартната линија. Репрезентацијата на Македонија во кајак спуст во состав Љубомир Спасиќ, Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров, сите членови на велешкиот кајак клуб ККК Арка-Борец Велес имаа солиден настап, освојувајќи го второто место во тимскиот настап во категорија сениори.

Следното трето коло од Европскиот куп во кајак спуст ќе се одржи во Велика Британија во градот Нотингем на крој од месец април.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: