Kривична пријава против поранешниот градоначалник на Неготино и тројца општински службеници

Negotino
Negotino

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа: В.А.(59), З.Л.(41), Ѓ.Т.(37), тројцата од Неготино и И.З.(40) од неготинско село.

Zito akcija 640x289px

Имено, лицата делото го сториле така што З.Л., вработен во Општина Неготино, во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со Ѓ.Т. и И.З. вработени во Општината, членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка, во текот на 2014 година со неизвршување на своите службени обврски постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки. Тие без да обезбедат согласност од Советот за јавни набавки, распишале оглас за набавки за работи – рационализација и унапредување на јавна водоснабдителна мрежа на подрачје на Општина Неготино. Исто така, пријавените во огласот за набавки предвиделе критериуми и технологија која упатува на конкретно производство, наведувајќи критериуми кои дискриминираат и ја ограничуваат конкуренцијата и го објавиле без да бидат точно наведени кои позиции и што ќе се изведува. На овој начин, тројцата спротивно на законот, спровеле постапка за јавна набавка и изготвиле Извештај во кој дале предлог за најповолна понуда да се одбере конкретна понуда од група понудувачи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Првопријавениот В.А., во својство на тогашен градоначалник на Општина Неготино, кривичното дело го сторил со неизвршување на својата службена должност, иако бил должен да донесе посебна Одлука за изработка на основен Проект, врз основа на кој ќе се распише набавка за изведба, и иако имал обврска да увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, тој со кршење на одредбите од Законот донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на Општина Неготино со група понудувачи на 29.08.2014 склучил Договор за проектирање и изведба на работи за рационализација и унапредување на јавниот водоснабдителен систем во Општина Неготино со вкупна вредност на договорот од 21.237.740,48 ден. (или 345.330 EUR).

Со ваквите инкриминирани дејствија и со непостапување согласно своите службени овластувања пријавените го сториле делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик, со што овозможиле на правни лица да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 21.237.740,48 ден.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: