Кривична за тројца полицајци за направена штета до два милиони денари

policija svetla

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против тројца полициски службеници од Одделението за прекршоци при СВР Скопје – Б.Ф., Ѓ.И. и С.П.

„Пријавените несовесно постапиле при вршење на своите овластувања и должности“, соопштија од МВР.

Agria

Според обвинението, во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2023 година, тие примиле записници за сообраќајни прекршоци и прекршочни платни налози, но не постапиле во законски предвидениот рок од две години, согласно Законот за прекршоци.

За 143 предмети воопшто не биле изготвени барања за поведување на прекршочна постапка, а за 30 предмети иако биле подготвени барања, тие не биле навремено проследени до надлежните институции. Со тоа било овозможено да настапи застареност и да се оневозможи поведување и водење на постапките.

Предизвикана е претпоставена материјална штета врз Буџетот на МВР во износ од 865.425 до 1.987.215 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: