Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата – олабавување на мерките од утре

Veles Maj 2021
Veles Maj 2021

Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од КОВИД-19 и ги предлага на конечно усвојување на утрешната Владина седница.

Zito akcija 640x289px

На состанокот на Главниот кризен штаб, по исцрпната дискусија и имајќи ја предвид  поволната моментална  епидемиолошка состојба со КОВИД-19 во државата, која се карактеризира со намалување на 14-дневна инциденца (бројот на новонастанати случаи) на позитивни случаи, намалување на позитивни тестови за КОВИД-19 во однос на вкупен број тестирани лица, намалување на бројот на активни случаи и бројот на хоспитализации, по препорака на Комисијата за заразни болести, беа донесени следните предлог-препораки за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година:

Agria

1. Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето  на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и  во сите затворени простори.

2. Да се дозволи  присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од КОВИД-19.

3. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.

4. Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

5. Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата  на масата.

6. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20),

7. Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: