Кризниот штаб предлага новата учебна година да биде со физичко присуство

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, оценето е дека се создадени услови почетокот на новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука што ќе биде донесена на наредната владина седница.

Zito akcija 640x289px

“Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Во моментов 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80 отсто вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата”, информира владината прес-служба.

Agria

Во оваа насока се и протоколите изработени од епидемиолози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22976/se-najavuvaat-novi-merki-za-vlez-i-izlez-od-drzhavata/