Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:
Забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, и време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.
Кафулињата и кафеаните се отворени од 28 април. Сега работат до 20.30 часот, бидејќи според минатонеделната одлука на Владата полицискиот час почнува од 21 часот. Полицискиот час не важеше во саботата кога верниците во црквите и манастирите го прославуваа Велигден. Полициски час нема да има ни за Рамазан бајрам, односно вечерта на 12 мај.
Можеби ќе ве интересира: