Фудбалерите на Кеги Моби ги очекува уште еден тежок меч со актуелниот шампион на МАкедонија во футсал составот на Шкупи. Со овој натпревар завршува првиот круг од натпреварувањето во Првата македонска футсал лига.
Еден од новајлиите во клубот, Филип Крстевски се осврна на претстојниот натпревар против Шкупи. Тој изјави дека иако на натпреварот ќе бидат ослабени со неиграњето на неколку клучни играчи, сепак ќе го дадат својот максимум, а во истовреме ги повика сите љубители на фудбалот да покрај следењето на Светското првенство ги следат и натпреварите на Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
„Денес играме против ланскиот шампион во нашата лига но ослабен поради заминувањето на неколку играчи. Сепак екипа за респект која го задржа костурот и квалитетот. Знаејќи дека имаат повеќе од пет играчи од репрезентација самиот факт укажува против кого треба денес да се бориме за трите бода кои би ни биле добредојдени. Оваа сезона за разлика од очекувањата сме со доста бодови на нашето конто. Јас се вклопив добро во овој млад надежен и пред се другарски настроен тим. На секој натпревар даваме максимум од себе колку можеме, тоа ќе го направиме и денес без разлика каде и со кого играме. Кај нас здравствениот билтен и не така ме радува поради отсуство на два до три играчи кои се повредија на минатиот натпревар а некои грипот ги совлада во текот на оваа недела па нема да можат да бидат дел од нас денеска, но знаеме дека и противникот нема да е целосен поради непосакуваните работи во футсалот и спортот кои се случија на натпреварот во Гевгелија против тимот од тој крај на Македонија и некои од нив добија директни црвени картони и нема да можат да настапат денес против нас. Мораме да останеме фокусирани на одбраната и на нивните футсал шеми од прекин, корнер, аут кој им се единствена предност на денешниот натпревар. Долги години се заедно и сите тие шеми ги знаат и во сон, за разлика од нас кој сме скоро нови како тим и во Првата футсал лига па допрва пробуваме со наша препознатлива цврста игра и индивидуални способности на повеќето играчи по страна да го пробиеме противникот и да дојдеме до саканата цел и со полн плен да си дојдеме од Скопје. Не е моја работа и толку да објаснувам и да филозофирам, тренерот ќе си ја заврши неговата ние нашата работа и најбитно од се е 40 минути да уживате додека гледате добар футсал како и секој натпревар што ви приредуваме“, изјави Филип Крстевски новајлија во тимот на Кеги Моби.
Натпреварот ќе се одигра во Скопје со почеток од 19 часот. Претходно се одиграа два натпревара од ова коло а Арбен Бајрами го совлада составот на Јувентус Серава на гостински терен со високи 5:11, додека Карадаку ја совлада Форца со 3:2.
Можеби ќе ве интересира: