Во пресрет на втората репрезентативна пауза прволигашите ги чека уште едно коло, осмо во сезоната на Првата македонска фудбалска лига.
Борец овој викенд гостува во Скопје, кај второпласираниот Шкупи. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите и официјалните лица за претстојното коло. Главен судија на напреварот ќе биде Крумислав Ѓорѓиев, а помошници ќе му бидат Никола Караколев и Кристијан Џонов, сите од Штип.
На останатите натпревари , Константин Влахо ќе биде главен судија на натпреварот Шкендија – Силекс. Во Скопје, Боби Величковски ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Работнички и Академија Пандев.
Александар Грујоски ќе застане на центарот во Ѓорче Петров каде Македонија Ѓорче Петров ќе ја пречека Струга. Во Струмица, Ндерим Тефику ќе биде задолжен за натпреварот меѓу Беласица и Ренова. На единствениот натпревар кој се игра во недела, Александар Ставрев ќе биде делител на правдата во Битола на вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар.
Сите натпревари започнуваат во 15 часот.
Можеби ќе ве интересира: