Култниот ФК Горски во сабота прославува 102 години постоење

Фудбалскиот клуб Горски одбележува 102 години од своето постоење. По тој повод во сабота 28 септември на ракометното игралиште во паркот, со почеток од 17 часот, ќе се одигра натпревар помеѓу ветераните на клубот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Овој клуб е еден од најстарите клубови во Македонија, а младите од јужната страна на стариот дел на Велес настапуваат за гордоста и клубот на младоста на нивните родители и предци.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

ФК Горски е срцето на старите сограѓани од делот околу Потокот, Црна Џамија и Читкушева чешма. Оваа година, ФК Горски ќе настапува во Општинската лига на ОФС Велес.

Можеби ќе ве интересира: