Лажна е дојавата за бомба на скопскиот аеродром, извршени се потребните проверки и аеродромот повторно функционира нормално

Aerodrom Skop

Лажна е дојавата за бомба на скопскиот аеродром и аеродромот продолжил со редовна работа околу 6 часот наутро, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Антитерористичката единица при МВР извршила проверки на „Меѓународниот аеродром Скопје“ откако лице во 02:41 часот по полноќ, во саботата, 16 август, на телефонскиот број 112 пријавило дека наводно е поставен експлозив во авион кој требало да лета за Турција.

Agria

За случајот се огласија и од ТАВ Аеродроми потврдувајќи дека се работи за лажна пријава. Во написот се вели дека кога пристигнала дојавата биле активирани сите планови и процедури за постапување при вакви настани.

По претресот на полицијата аеродромот продолжил со работа.

„Нема откажани летови на Меѓународен аеродром Скопје, но сообраќајот беше времено запрен до 6:00 часот утринава, односно сé додека МВР не извести дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред“, велат од скопскиот аеродром.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: