Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи. Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и оваа цена ќе се задржи, особено по празниците, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев” во Велес, Горан Лазов.
“Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарт“ кажа Лазов.
Содржината продолжува под рекламата
Според Лазов, во Бугарија цената на зејтинот е 180 денари или шест лева, а во Грција околу четири евра. Од фабриката нагласија дека има и доволно суровина. Во континуитет се вршат набавки од Бугарија, а изразија надеж дека на македонските земјоделски површини сончогледот повторно ќе се врати.
Можеби ќе ве интересира: